Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 август 2011
Како што соопшти СВР Охрид, Љубе Јанкоски (57) од Велес кој управувал со камионот марка „Мерцедес“, движејжи се кон Охрид изгубил контрола и преминал на спротивната коловозна лента, по што возилото излетало од патот, се превртело и завршило на левата коловозна лента. Возачот починал на самото место од повредите здобиени во несреќата.
Сообраќајката се случила утрово во 5 часот и 45 минути во близина на вториот тунел кај Охрид.
Од страна на случајни минувачи бил забележан превртен камион со велешки регистраски таблички по што веднаш после 15-тина минути од несреќниот случај пријавиле во охридската полиција.
Екипа на СВР Охрид и јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата. По наредба на истражен судија врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Tweet |