речник контакт

Велешанец загина во сообраќајна несреќа

Сообраќајка со еден починат на патот Градско - Велес

Петар Печков

Велешанец загина во сообраќајна несреќа која се случила во неделата ноќта под неразјаснети околности.

Телото на Тони Виларов (40 год) било пронајдено во понеделникот наутро околу шест часот надвор од автомобилот „опел вектра“ со регистарски таблички ВЕ 122 БН, кој бил управуван од починатиот.  

Првичните информации се дека Виларов возел по стариот пат Градско - Велес и се враќал дома, кога кај месноста „Стара лозја“ во близина на селото Виничани од непознати причини преминал од десната страна на левата од коловозот, потоа се превртел удрил во бетонскиот столб од надвозникот и излетал од атомобилот по што починал.

Се претпоставуа дека несреќата се случила околу 22 часот бидејќи била ноќ и нема сведоци  на настанот а телото и автомобилот биле пронајдени околу 6 часот следниот ден, кога се разденило.

Истражниот судија побарал обдукција а возилото е пренесено на вонреден технички преглед.

Починатиот Виларов беше долгогодишен успешен кошаркар на велешкиот прволигаш „Жито Вардар“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »