речник контакт

Велешанец заразен со корона -19 почина на клиника во Скопје

Ова е петти смртен случај на велешанец позитивен на корона вирус

Петар Печков

Министерството за здравство информираше дека во текот на  изминатите 24 часа е регистриран еден смртен случај на заразен со корона вирус, во Македонија. Тоа е велешанец за кој претходно на прес конференција  информираше  и градоначалникот Коцевски,  дека пациентот   подолго време е на клиника во Скопје, на респираторна машина.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6-ти  мај - стои во соопштението на Министерството. 

Ова е петти смртен случај на велешанец позитивен на ковид-19, откако започна пандемијата со оваа зараза. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »