речник контакт

Велешанец изгризан од магаре заврши во болница

Седумдесет и пет годишниот старец е нападнат без причина и повод

Петар Печков

Седумдесет и пет годишен велешанец во саботата бил изгризан од магаре додека работел на нивата во близина на Башино село.  Настанот се случил околу пладне, откако старецот  завршил со земјоделската работа и сакал да се измие на реката Вардар. Повреден со  пет рани од каснувањето тој  сега е дома. Неговите блиски го потврдија настанот.

Татко ми завршил со работата во бавчата и решил да се симне до Вардар и се измие. По пат, на тесната патека наишол на магаре, кое го попречувало минувањето. Стариот морал да мине покрај него, бидејќи друга патека немало а магарето без повод го нападнало. Ниту го удрил, ниту го допрел, тоа  го нападнало, го кутнало и почнало да го гризе по рацете, нозете, стомакот. Едвај успал да се спаси да не добие повеќе повреди и во таква состојба, целиот крвав отишол до селото, од каде беше пренесен во Болница – вели неговиот син, кој сакаше да останат анонимни.

Откако старецот бил хоспитализиран, раните исчистени и санирани, следниот ден бил пуштен на домашно лекување. Неговите велат дека е во добра состојба, но преплашен иако досега во животот минал повеќе непријатни случувања, напади од змии, кучиња... Селаните објаснуваат дека магаре напаѓа  кога му  е време за парење, поради што покажуваат знаци на нервоза и знае да нападне без повод.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »