речник контакт

Велешанец излета од патот, завршил на пругата и починал

Сообраќајката се случила ноќеска пред полноќ, кај црвката Св. Петка

Петар Печков

Велешанец го загуби животот, откако ноќеска пред полноќ, со автомобилот излетал  од патот и паднал на пругата Велес - Градско, во близина на  црквата Св. Петка. Според СВР Велес, која го потврди настанот,  се случил  околу 23.30 часот на регионалниот пат Градско – Велес.

„Патничко возило марка  „фолксваген поло“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(57) од Велес излетал од коловозот“- кажа Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес  извршиле увид на местото на незгодата.  

Први на помош дошла екипа на Итната медицинска помош.

 „Повредениот пациент не бил во свесна состојба. Реанимиран и пренесен на хирургија. Лицето имало политрауми - повеќе повреди“ - кажа Василка Пановска началник  на ИМП.
 
„Донесено е повредено лице во сообраќајка, кое веќе било починато“- рече д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница.

фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »