Петар Печков
Објавено: вторник, 12 јуни 2012
Триесетгодишен велешанец, ѝ побарал на газдарицата на станот во кој бил под кирија, да му даде 3.500 евра за операција на неговата болна мајка, па потоа избегал без да ѝ ги врати парите. Потстанарот престојувал во станот на жената подолго време, па таа без да се посомнева дека сака да ја измами, му дала пари, а тој исчезнал. Операцијата ја опишал како неодложна и рекол дека веднаш ќе ѝ ги врати парите.
Измамената 60 годишна С.П. случајот викендов го пријавила во полиција. Измамникот според последните информации од штипската полициска станица, се уште не е достапен. Таа не ги сооштува ниту неговите иницијали.
Tweet |