речник контакт

Велешанец изработува фрески во камен (фото)

Четири фрески изработени за четири години, од природни бои, морков, зеленчук, зачини

Петар Печков

Наш сограѓанин изработува фрески во камен. Ова  е реткост  со оглед на  тешкотијата при  работата, специфичноста и    малку познатите елементи за  нивна изработка. Сограѓанинот кој сакаше да остане анонимен, само со иницијали О.К.,  заедно со негов пријател за четири години изработиле четири вакви фрески. Трите ги чува дома, добро спакувани, заштитени а едната ја дале -подариле,  во манастир во околината на Кочани.

Заедно со мој другар фрескописец, сакавме да се обидеме во оваа малку познатата работа, изработка на фрески во камен.  Работиме во техника пештерско сликарство.   Прво  на платно или газа  ги поставуваме боите.  За ова потребно е најмногу време, за да се прицврсти на каменот, мине многу време. Боите  се природно добиени, од морков, зачини,зеленчук,  има и малку  акрил во нив, потоа  се лакира , па ги конзервираме со пчелин восок и  терпентин. И по многу време тие се готови   - вели соговорникот.

Додава дека изработката оди тешко и споро, па затоа за четири фрески им биле потребни четири  години. Ги работеле напоредно сите четири.  Плочите  на кои се изработени фреските се тешки до 10 кг. и се од мејданите од околината на  село Ораовец, чии куќи се покриени токму со вакви  камени плочи.   Изработени  четири фрески се: Мајката Божа со Исус од 16 век, Исус, Св. Климент и  Св. Наум.   

Фреските ги однесовме прво во манастирскиот комплекс Св. Наум ги виде  отец Нектариј, рече дека се  добро сработени по теологија, прецизно, дека се добра копија, веродостојни на оригиналот.  Ги видоа и професори од некои уметнички  Факултети во Скопје и тие ни дадоа преодна оценка. Ни забележаа немало на ореолот злато   - додаде соговорникот.  

Бидејќи има девојка од Франција,  четирите фрески биле претставени во неколку уметнички салони во  Санбрио, Рен и Париз.  Заедно со неговиот пријател сега работат на фреска Св. Кирил и Методиј и се надеваат дека ќе биде готова кога и истоимената  велешката црква ќе биде осветена. Бидејќи работата е мошне тешка и сложена, тие не најавуваат дека  ќе продолжат со ова нивно хоби, кое е единствено.

Соговорникот е голем вљубеник во етно музиката и свири на санцур, стар жичен ирански инструмент, кој го набавил од Труција. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »