Петар Печков
Објавено: петок, 11 февруари 2022
Во текот на денот во Кавадарци, тамошната полиција уапсила лице кое било барано со потерница да издржува казна.
„На 11-ти февруари во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ш.Ј.(30) од Велес. Тој бил баран со потерница од Казнено- поправната установа Затвор Штип за издржување на казна затвор од 7 години и 1 месец“- соопшти МВР.
Од полицијата додаваат дека Ш.Ј. бил спроведен во установата за издржување на казната.
Tweet |