Петар Печков
Објавено: среда, 11 август 2010
СВР-Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири лица и тоа К.Ѓ.(21) од Велес, Љ.Д.(20) од Битола, М.Т.(17) и Ф.Б.(24), двајцата од Скопје, сите преходно познати на службата, поради постоење основано сомнение за сторени четири кривични дела „Тешки кражби“ во станови и куќи, со кои се стекнале со противправна имотна корист од околу милион денари.
Во врска со тоа од страна на Истражен судија им е оредена мерка притвор од 30 дена. Бидејќи постојат сознанија,во тек е превземање други оперативно тактички мерки и дејствија за расчистување и на други дела и утврдување на инволвираност и на други лица.
Делата ги извршиле во периодот од 30.09 до 03.08.2010 година на подрачјето на ПС„Центар“ и ПС„Кисела Вода“, во пладневните часови и ноќе, со прекачување преку балкон и насилно отварање на балконски врати и прозори со подесен алат-штрафцигери, при што од нападнатите објекти краделе златен накит, пари, девизи, техничка стока, мобилни телефони, рачни часовници и други предмети. Украдените предмети ги продавале на досега непознати лица, а парите ги трошеле за свои потреби,
На 04.08.2010 год. околу 03.00 ч. од страна припадници на мобилната единица Алфа, на ул.,,Васил Ѓоргов“ забележани се К.Ѓ., Љ.Д. и М.Т. и при легитимирањето, М.Т. се дал во бегство, притоа фрлајќи плетена црна фантомка, еден пар ракавици и еден штрафцигер кои ги носел за вршење на кривични дела, додека К.Ѓ. помеѓу возилата фрлил фантомка и еден пар ракавици, а во него пронајден е еден приврзок ,,Сваровски“ и мобилен телефон „Моторола“, по што истите се приведени во просториите на ПС ,,Центар“.
Со горепријавените извршен е информативен разговор при што во целост ги појаснија начинот на извршување на тешките кражби, по што со нив е излезено на лице местата кои од нивна страна се посочени, како и начинот и времето на извршувањето на делата.
Првата кражба ја извршиле на 30.09.2009 год. околу пладне на ул.,,Фредерик Шопен“ во стан сопственост на С.А. и С.М., на тој начин што под прозорот од спалната соба ставиле две цигли со чија помош се качиле до прозорот и со протнување на рака го отвориле. Влегле внатре и по извршеното пребарување пронашле и одзеле четири машки и два женски часовници различни марки златен накит, монитор, телевизор и др, во вредност од околу 250. 000 денари.
Втората кражба ја извршиле на 30.06.2010 во времето од 15.00 до 23.30 во куќа на ул.,,Востаничка“ каде како постанари живееле турските државјани А.О.С. и Ј.А.. Со употреба на тврд предмет насилно делувале на двокрилната балконска врата и при тоа одзеле мобилен телефон Нокиа, повеќе парфеми, бројаница и други предмети со што се здобиле со противправна имотна корист од околу 100.000 ден.
Третата кражба ја извршиле во временскиот период од 08.07-12.07.2010 год. во куќа на ул.,,Рилски Конгрес“ во која како подстанар претстојува иранскиот државјанин Ф.Ф.. Со употреба на тврд предмет насилно ја откорнале дрвената лајсна од балконската врата и одзеле лап-топ, мобилен телефон „Ајфон“, ајпод-музички плеер, еден Џипиерес и златен накит при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 200.000 ден.
Четвртото дело го извршиле во неутврден ден во временскиот период од 22.07-03.08.2010 повторно на ул.,,Фредерик Шопен“ во станот на С.М. и С.А. и со погоден алат насилно ја отвориле балконската врата при што од станот одзеле три машки рачни часовници, златен накит, лап-топ, телевизор плазма, четири мобилни телефони и околу 120.000 денари, евра и долари, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 400.000 ден.
Инаку Ф.Б. во моментов е недостапен и е распишана телеграма за негово пронаоѓање. Со судски наредби издадени од Истражен судија при ОСС Скопје1 извршен е претрес во домовите и притоа пронајдени се предмети кои потекнуваат од тешките кражби и со Потврда им се одземени и вратени вратени на оштетените.
Tweet |