речник контакт

Велешанец крадел коли во Скопје за да се извози

Скопската полиција го уапси велешанецот Марјан Бачов (23), поради постоење на основано сомнение дека извршил седум кривични дела „одземање на моторно возило„ а на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Петар Печков



Пријавениот, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во периодот од 05.07 до 12.08. оваа година,кога е и фатен, извршил седум одземања на автомобили,  сите во Центар во Скопје. Одземените коли се од марките „Мерцедес„ , „БМВ„ , „Пежо„ , „Рено„ , „Тофаш картал„ и „Југо„. Сите возила ги одзел на ист начин, односно откако со подесен клуч ќе ги отворел, потоа истите ги стартувал (со употреба на тастер или клуч оставен во бравата) и ги возел се додека во нив имало бензин, а потоа ги оставал и се бегал.

Бидејќи постојат сознанија дека пријавениот е сторител и на други вакви кривични дела во тек се мерки за нивно целосно расчистување и документирање, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Бидејќи истиот се бара и за издржување на затворска казна во траење од седум месеци, за претходно извршени вакви дела,  тој е предаден во Истражниот затвор во Шуто Оризари. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »