речник контакт

Велешанец крадел од дом на сограѓанин, кај Црна Џамија

Сторителот А.Р (20 год) во друг настан на почетокот од април, од дом на велешанка одзел пари и злето

Петар Печков

СВР Велес информираше дека против велешанец поднела кривична пријава за извршена тешка кражба, која се случила во текот на месец март. Крадел од дом на велешанец кој е помеѓу Црна Џамија и Рамина


„СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Р.(20) од Велес поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој, во периодот од 22.03.2022 до 30.03.2022 влегол во домот на В.К. од Велес на ул.„Цветан Арсов“ и одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот“ - информираа oд СВР Велес.

 Истото лице заработи уште една кривична пријава, информираа од СВР Велес.

„Поднесена е кривична пријава против А.Р.(20) од Велес поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој, на 01.04.2022 влегол во домот на С.И.(65) од Велес и одзел пари и златни предмети“ - соопштија од МВР..

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »