Петар Печков
Објавено: недела, 03 мај 2009
Редок примерок на златен караш, неодамна улови велешаенцот Жарко Миланов на езерото Младост. На големо негово изненадување кога трската „задрмала“ тој од водата извадил „златна рипка“ која ја уловил на царевка.
Подоцна со пријателите риболовци констатирале дека станува збор за риба од видот „златен караш“ кој ја има во езерото но во мал број примероци и според раководството на ЗСР „Бабуна“ досега се фатени најмногу до пет вакви парчиња.
Бидејќи станувало збор за редок примерок на риба, која тежела околу 2 кг. истата не завршила во тава, туку во фонтана на пријател од Миланов, во Скопје.

Tweet |