Петар Печков
Објавено: четврток, 14 февруари 2019
Велешката полиција информира за разбојништво случено на автопатот Скопје - Велес, околу полноќ, кај параклисот кај Ветерско.
Ноќта помеѓу вторникот и средата, на 13.02.2019 година околу 00.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје -Велес, кај комплекс параклиси на „Св.Јован Ветерски“, две лица извршиле разбојништво над А.Б.(59) од Велес. Сторителите физички го нападнале, при што му одзеле мобилен телефон- пишува во соопштението.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Tweet |