Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јануари 2018
На први јануари годинава во 4 часот на ул.1732 во центарот на Скопје, близу Градскиот стадион, на паркинг простор, Д.К.(50) од Велес, пријавил дека од возило „Фиат Пунто“, од страна на непознат сторител, му била извршена тешка кражба, информираа од МВР.
При тоа била одземена машка чанта во која имало 120.000 денари, лични документи, две картички, како и женска чанта. Со извршената кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 200.000 денари, а причинета е материјална штета од 3.000 денари.
Тешката кражба сторителот ја извршил со употреба на погоден алат, делувал на бравата од возачката врата, ја отворил и од багажникот ги одзел наведените предмети и заминал во непознат правец. Скопската полиција презема мерки за расчистување на настанот.
Tweet |