Петар Печков
Објавено: четврток, 03 август 2023
Вторникот попладнето во казино во Велес, играч на апаратите нападнал вработена и оштетил апарат. Повеќе детали од соопштението на МВР.
„На 01 август во 16.25 часот во Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода Р.А.(49 год) од Велес, поради тоа што околу 16.05 часот во казино најпрвин побарал пари од вработените, а откако бил одбиен почнал да се заканува и со тврд предмет оштетил апарати. Според пријавеното, тој потоа физички нападнал една од вработените и ѝ одзел мобилен телефон“ - соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 23 јули беше уапсен друг велешанец кој се однесувал агресивно кон вработените и нападнал полицајци.
Tweet |