речник контакт

Велешанец нападнат па ограбен среде Скопје од разбојници

Со закана со огнено оружје му одзеле пари, мобилен телефон и личен документ

Петар Печков

Велешанец во четвртокот доцна попладне пријавил дека е ограбен, и тоа во центрот на Скопје.  Полицијата го истражува случајот.

„На 30 октомври  во 19:22 часот во СВР Скопје, Т.М.(44 год) од Велес пријави дека околу 18:20 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица, кои потоа со закана со огнено оружје му одзеле пари, мобилен телефон и личен документ“ – соопшти МВР.
  
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »