речник контакт

Велешанец освои тројна добивка на Џамбо Бинго

Ангел Тодоровски доби Пежо 107, викенд за двајца во Маврово и 465 илјади денари

Петар Печков

Славејќи го именденот велешанецот Ангел Тодоровски, вчеравечер имаше среќа да слави и тројна добивка на Лотарија на Македонија.

Тој  во петтото коло од играта на среќа Џамбо Бинго,  стана сопственик на   првата Супер Џамбо добивката  која е Пежо 107, плус  парична добивка за бинго  од 465.531 денари и викенд за двајца во хотел Бистра во Маврово.

 Во соопштението на Лотарија на Македонија се прецизира дека тројниот добитник е велешанецот Ангел Тодоровски, кој во тие моменти го славел именденот Архангел Михаил.

Честитки за  к`сметот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »