речник контакт

Велешанец осомничен дека во дворот на баба му чувал 400 грама марихуана, сокриени во метално буре

На момчето А.Ј.(20 год) изречена му е мерка притвор

Петар Печков

Во четвртокот извршен бил  претрес во куќа во Велес,во чиј двор била пронајдена марихуана. За ова информираа од СВР Велес, при што дополнија дека било уапсено лицето А.Ј. на 20 годишна возраст.

По ова Основното Јавно Обвинителство Велес донело  наредба за спроведување истрага против велешанецот А.Ј. на 20 годишна возраст,  за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

„Осомничениот, во дворот од куќата на неговата баба каде тој повремено престојувал, неовластено заради продажба држел 420,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата, спакувана во едно најлонско кесе, ја чувал во метално буре во дворот, а полициски службеници од СВР Велес ја пронашле при претрес“ -соопштија од ОЈО Велес.

Со оглед на тоа што осомничениот веќе бил осудуван за истото кривично дело и дека во текот на истражната постапка треба да се сослушаат сведоци кои се во роднинска врска со него, Основното јавно обвинителство Велес оценило дека е оправдан стравот осомничениот да го повтори кривичното дело и да влијае врз сведоците.

Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес доставил предлог за определување мерка притвор против осомничениот и истата му е изречена за време од 30 дена.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »