Петар Печков
Објавено: среда, 31 јануари 2024
Вторникот во попладневниот часови, полицаја уапсила лице за кое има сомневања дека извршило тешка кражба од црква во новиот дел на градот.
„На 30 јануари, вторник, во 17.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.А.(42 год) од Велес. Тој се сомничи дека околу 17.30 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во црква на улица „Благој Ѓорев“ во Велес и одзел пари. Кај него биле пронајдени парите и биле вратени во црквата, како и предметот со кој го извршил делото“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес
Уапсениот бил приведен во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |