Петар Печков
Објавено: петок, 18 март 2011
Велешанецот Александар Шурбевски две години живее во Кјото Јапонија, но и покрај лошите вести кои доаѓаат по катаклизмичниот земјотрес и проблемите со атомската централа во таа земја, не се враќа дома. Објаснува дека таму не се чувствува паниката, како што тоа се гледа на телевизиите.
Стравот владее пред се кај странските студенти додека кај домаќините не можеме да го препознаеме. Пред нас странците, јапонците се држат во себе, мирно со насмевка. Ни објаснуваат дека се безбедни и нема место за паника. Комуницираат со нивните пријатели и роднини кои се во близината на земјотресот и атомската централа и пренесуваат дека немало нешто ќе значи тие да избегаат од таму. Еден помлад јапонец, некако меѓу редови призна дека стравуваат и се уплашени колку и странците, но Јапонија нема да ја напушти затоа што е јапонец. Гордоста е посебно присутна кај постарата машка популација, за која земјотресот и последиците како и да не постојат. Работата и животот продолжуваат нормално, со секојдневен сообраќаен метеж во раните утрински и попладневните часови. Продолжуваат дури и пропагандните политички митинзи.
Супермаркетите се полни, на пазар е врвулица од луѓе. Ако не се вестите од тв екраните, нема да се почувствува што ја снајде Јапонија. По неколку дена пауза профункционира и тв каналот кој нуди е-продажба и топ-шоп. Надлежните пребројаа дека наместо 10 има 5 илјади загинати од земјотресот и дека следи евакуација на жителите во 20 км зона околу атомската централа а на 30 км потребна е претпазливост. – вели Шурбевски кои во Јапонија живее две години, период во кој се наоѓа на студиски престој.
Посочува дека вестите на странските телевизии биле пострашни отколку тие што ги слушнал и видел на јапонските. Настраданите од земјотресот, кои останаа без дом, се згрижувале во евакуациони центри по што државата најавила дека ќе им биде решен проблемот со живеалиште.
Tweet |