Петар Печков
Објавено: четврток, 26 февруари 2026
Велешанец е осуден затоа што повредил куче, кое подоцна починало. Во Основен суд Велес обвинетиот е осуден за кривично дело „Убивање и мачење животни“ на паричен износ од 500 евра во денарска противвредност.
Настанот се случил на 13 мај лани околу 08:30 часот во дворот од семејната куќа лоцирана во ело Мартолци, кога куче мелез од расата Балканец и Плат, сопственост на оштетениот сосед, се испуштило и влегло во дворот на обвинетиот кој не бил ограден. Кога обвинетиот го забележал кучето зел вила со четири метални краци и со неа два пати го прободел кучето еднаш во пределот на главата и еднаш во пределот на вилицата.
Кучето во тешка клиничка состојба со знаци на шок било изложено на непотребни маки и болки па поради сериозноста на повредите во тешка состојба и знаците на шок, било ефтаназирано од ветеринар од ветеринарна станица.
| Tweet |




