Петар Печков
Објавено: вторник, 28 ноември 2023
Велешанец доби условна затворска казна, затоа што лажно пријавил, разбојништво, дека е нападнат од неколку лице кои му одзеле пари- евра. Полицијата постапувајќи по пријавата, отворила истрага и констатирала дека лицето ги потрошило парите во едно од казината во градот.
Настанот во полиција бил пријавен нас 1 јуни годинава, а според пријавителот се случил на 31 мај околу 22 ч. во влез од зграда во центарот на градот, на ул. 8 септември. кога бил нападат од неколку лица. При тоа му биле одземени 250 евра, кој тој ги носел да ги плати за кирија кај газдата на станот а му ги пратил братот до Германија.
Основен суд Велес на ова лице му изрекол казна затвор од три месеци, за делото лажно пријавување, која нема да се изврши ако во наредните година дена на стори друго кривично дело. Пресудата е правосилна.
Tweet |