Петар Печков
Објавено: петок, 07 февруари 2020
МВР Информираше дека утрово е фатен затвореник, кој бил регистриран дека побегнал од затвор Штип.
Петок, на 7-ми февруари во 04.10 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од Полициска станица Струмица го лишиле од слобода Т.Д.(24) од Велес. За ова лица била распишана потерница, поради бегство од Затвор Штип каде отслужувал казна затвор - информираше МВР.
Како бегалци се водат Агим Красниќи и Сехат Рамадани двајцата членови на познатата Кондовска група, кои по викенд отсуството не се вратија во затворот во Штип.
Tweet |