речник контакт

Велешанец паднал од трактор, се здобил со тешки повреди

Мигрант од Индија сакал да се качи во воз во движење, тешко се повредил

Петар Печков

Вчера, вторник наутро, велешанец се здобил сто тешки повреди додека работел со трактор.
„На 13-ти април  околу 07.45 часот пријавено е дека во атар на општина Чашка, на место викано „Крштевица“, М.О.(70) од Велес, додека извршувал земјоделски работи во нива со трактор, се превртел и се здобил со тешки телесни повреди“ - соопштија од МВР.  Увид на местото извршила екипа на СВР Велес.

Од велешка Болница дополнија дека лицето е префрлено на Клинички во Скопје, поради сериозноста на повредите.

„Вчера, утрото околу 9 часот на одделот за Хирургија од страна на ИМП донесен е пациент на 70 годишна возраст повреден во сообраќајна несреќа, пациентот се здобил со нагмечотини по целото тело и сериска фрактура на ребра, поради сериозноста на повредите препратен е на ТОАРИЛУЦ -Скопје за доиследување и лекување“- кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.


Вчера во попладневните часови се случил инцидент на железничкото стојалиште „Црвени брегови“ близу Криволак, кога мигрант од Индија се обидел да се качи на товарен воз, кој во овој дел од пругата вози со брзина од 25 км/ч но се лизнал и завршил со едната нога под вагонот и се здобил со тешка телесна повреда.

 Вторникот на 13-ти април,  во 15.40 часот  на железничко стојалиште „Црвени Брегови“, при обид на три лица- мигранти да се качат во товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија- Скопје, едно од нив кое било од Индија, паднало и се здобило со повреда. По незгодата лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош- соопштија од МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »