Петар Печков
Објавено: вторник, 25 јули 2017
Велешанецот Д.М. ( 69 год) изведувајќи градежни работи, се здобил со тешко повреди при падот, по што починал на лице место. Настанот се случил утрово во 9ч. во Велес, на ул. Петре Милевски.
Д.М. работел на скеле , поправал оџак, кога паднал од висина од 4м. и од здобиените повреди починал на местото на настанот –информираа од СВР Велес.
По овластување од Основно јавно обвинителство - Велес увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
Tweet |