Петар Печков
Објавено: петок, 30 септември 2022
Утрово околу 5,30 ч во близна на градот Суботица Војводина, се случила сообраќајна несреќа, во која има починато едно лице. Според пишувањето на тамошните медиуми, станува збор за велешанец.
„Околу 5,30 ч. на автопатот помеѓу наплатната рампа Суботица -југ и исклучувањето Биково во правец спрема Нови Сад, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и товарно возило комби. Во несреќата смртно настрада едно лице,на лице место, кое било во патничкиот автомобил“ - соопшти МУП на Србија.
Според пишувањето на тамошните локални медиуми, во периодот, утрото, кога се случила несреќата, било дождливо со лизгав пат.
Tweet |