Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 јуни 2021
Неделата на пладне во близина на Штип, се случила сообраќајна несреќа во која има две лица починато. Едниот од нив е велешанец, возач на еден од двата автомобила, кои учестувале во сообраќајката.
„На 20ти јуни во 14.10 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип- Кочани, во близина на нас.„Три чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота корола“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.И.(39) од Битола и патничко возило „хонда ЦВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(40) од Велес.Од екипа на Итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата. Во незгодата со повреди се здобил и сопатникот од возилото „тојота корола“, Б.К.(30) од Кочани, констатирани во Клиничката болница Штип“- соопштија од МВР.
Во вадењето на телата од двата автомобила, учествувале пожарникари од Штипската ТППЕ.
Извршен бил увид од екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телата на почнатите биле дадени на обдукција. Во периодот од 14.45 до 20.00 часот сообраќајот бил пренасочен по магистралниот пат Штип- Кочани.
Tweet |