Петар Печков
Објавено: четврток, 14 јули 2022
Во текот на вчерашниот ден, среда, во велешка Болница е донесено лице кое имало тешки телесни повреди, а подоцна починало. МВР информираше за настанот
На 13ти јули 16.20 часот во СВР Велес е пријавено дека во ЈЗУ Општа болница - Велес Д.В (48 год) од Велес, бил донесен со тешки телесни повреди. Тој подоцна им подлегнал на повредите. Според пријавеното, тој со повреди се здобил на 9- јули, а семејството го пронашлово семејната куќа на 13.07.2022 околу 15.00 часот во безсознание“- соопштија од СВР Велес.
Увид на лице место е извршен од увидна екипа од СВР Велес.
Од ОЈО Велес информираа дека е издадена наредба и телото е дадено на обдукција за дa се дознаат причините за смртта.
„Примен е пациент во безсознаение без знаци на живот. Имало обид за реанимација, која траеле 60 минути, но без успешен. Овој пациент е примен на 9-ти јули, по учество во тепачка, каде има скршено две ребра. Задржан е на болничко лекување и по два дена е пуштен на домашно лекување“- кажа д-р Елена Ќулумова Левкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |