речник контакт

Велешанец починал од внатрешно крварење, но бил и позитивен на ковид-19

Министерството за здравство 65 годишниот велешанец, го води како 17-те жртва на корона вирусот во градот

Петар Печков

Меѓу денешните смртни случаи, регистирани од Министерството за здравство е и велешанец, кој починал на КАРИЛ  Скопје. 

Тој  во Велешката Болница бил донесен вчера попладне, како итен случај.

Му било констатирано внатрешно крварење, а според протоколите бил и  тестиран на ковид-19. Резултатот подоцна покажал дека е позитивен.

Пациентот кој бил на 65 годишна возраст починал на Клиника во Скопје и се води во евиденцијата на Министерството за здравство на починати лица од коронавирусот.

Тој е седумнаесетти велешанец, починат од последиците на ковид-19

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »