речник контакт

Велешанец починал по пад од скали

Обдукцијата треба да ги открие причините за смртта

Петар Печков

Средата попладне, велешанец по враќање од болница,  паднал од скали,  по што починал. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 13 март во 18.20 во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа во Велес констатирале смрт без траги на насилство кај К.К.(74 год) од Велес. Според пријавеното од неговата сопруга С.Д.(58 год) од Велес, околу 17 часот тој паднал од скали по што починал“ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, по што ќе бидат познати причините за смртта.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »