Петар Печков
Објавено: четврток, 19 февруари 2015
Велешанецот Ј.В (25 год) е фатен на дело како превезува мигранти. Настанот се случил минатата седмица кога пријавениот на локалниот пат с. Богородица – Гевгелија во возилото марка “КИА “ со велешки регистарски таблички качил тројца сириски мигранти.
Тоа го сторил со намера да ги пренесе до Куманово но од страна на полициски службеници е сопрен на автопатот Е-75 во близина на месноста викано “Авлаќот“. Ј.В. се обидел по сопирањето да побегне е фатен и приведен, поднесена му е кривична за кримучарење мигранти а од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Во велешко измиантата половина година мигрантите од Блискиот исток се цел на измами, разбојници, нелегална печалба со превоз, за што повеќемина добија и затворски казни.
Tweet |