Петар Печков
Објавено: недела, 14 ноември 2021
Саботата навечер,велешанец со остар предмет ја нападнал сопругата. МВР со детали за инцидентот.
„На 13-ти ноември во 21.10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ч.(73) од Велес затоа што во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 58-годишна сопруга и со остри предмети се обидел да ја повреди. Тој бил приведен во полициска станица, а предметите биле пронајдени и одземени“- соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот од полицијата посочуваат дека против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |