Петар Печков
Објавено: четврток, 28 јануари 2021
Четири лица, две од Битола и едно во Велес и Штип, се приведени во врска со случајот „Јавна соба“, а се преземаат мерки и активности и кон други лица, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и соодветно санкционирање на сторителите“ соопшти на ФБ Спасовски.
Скандалозната група „Јавна соба“ по една година деновиве повторно оживеа. Откако со месеци, барем привидно, беше запрена активноста на членовите на групата кои јавно шиканираа и објавуваа експлицитни фотографии на малолетни девојчиња, деновиве повторно е разбранувана јавноста, откако дел од жртвите алармираа за нови злоупотреби. Во групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ има повеќе од 6.500 членови и се споделени околу 10.000 фотографии и видеа.
МВР истражува кој стои зад групата и ги повикуваат граѓаните да пријават злоупотреби. Мрежата стана дувло во кое членовите споделуваат порнографски фотографии и видеа, имиња, адреси, телефонски броеви и профили од македонски девојки.
Tweet |