речник контакт

Велешанец пријавил дека е измамен за 18 илјади денари

Непознато лице му се јавило на измамениот за да организира превоз на оштетено возило од сообраќајка

Петар Печков

На  5 декември, понеделникот вечерта,  околу 19 часот во Полициската станица Велес, 53-годишен жител од Велес пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.000 денари.

„Според пријавеното, лицето му се јавило и побарало од него да му организира превоз на возило од Росоман поради случена сообраќајна незгода. Исто така, според пријавеното, откако се договориле лицето повторно му се јавило и побарало од него на такси возач од Кавадарци да му даде 18.000 денари кои биле потребни за лекување на девојче од сообракајната незгода. Како што е пријавено, откако ги дал парите отишол на местото и повеќе пати го барал лицето, но тоа не му одговорило
на повиците, по што сфатил дека е измамен“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
 
Полицијата  работи на расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »