Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јули 2024
Велешанец пријавил дека вчера, среда претпладне, физички бил нападнат од обезбедување, додека пазарел во продавница. Деталите од информацијата на МВР.
„На 03.07.2024 во 18.00 часот во СВР Штип, Л.М.(56 год) од Велес пријавил дека околу 09.15 часот во продажно место во Штип бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување на објектот“ – соопшија од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Tweet |