речник контакт

Велешанец прободен со нож

Прободениот надвор од животна опасност

Петар Печков

Саботата попладне по меѓусебна расправија велешанец прободен со нож, информираа од МВР.

 Инцидентот се случил  околу 18,00 часот на ул.„ Коце Цветков“ кога Е.М.(36) движејќи се со своето возило бил пресретнат од Н.Н.(33) и започнале вербална расправија, а потоа и тепачка.  

При ова  Е.М. од возилото зел нож и му нанел тешка телесна повреда во пределот на слабината на Н.Н.  

Истиот е пренесен во Општата Болница во Велес, а Е.М. е приведен и по целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »