речник контакт

Велешанец пронајден починат дома, од станот изнесени седум приколки отпад

Лицето О.Т. е на 65 годишна возраст а бил пронајден на 4-ти декември во 11ч.

Петар Печков

Безживотно тело  на маж, О.Т.  во фаза на распаѓање е пронајдено во стан  на улица Васил Главинов, во комплексот Бисер  К-2 спроти Касарната.  Телото било пронајдено на 4-ти декември во 11ч.  откако соседите алармирале, по лошата миризба која се ширела од станот.

Велешанец на 65 години, живеел сам и собирал отпад, починал во неговиот  стан од колективна зграда. Телото на починатиот е пронајдено во станот, во кој греалката била вклучена. Бил покоен повеќе денови. Соседите доцна алармирале, сите биле повозрасни лица. Дилемата е колку дена било покојно лицето - ја соопшти на јавноста информацијата градоначалникот Аце Коцевски.

Неговиот стан бил депонија за смет. Досега биле  се изнесени седум приколки на отпад, а од  пред зградата  каде живеел, треба да се соберат уште најмалку седум.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »