Петар Печков
Објавено: среда, 17 април 2024
Ноќеска, вторник кон среда, околу полноќ е пронајден велешанец, починат во неговиот дом. Побарана била помош од противпожарната единица. Смрт констатирил лекар од Итната помош.
„Примена е дојава од страна на ПС Велес за заклучена врата од куќа на ул. Архиепископ Михаил. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 пп возило и 2 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место вратата е отворена во куќата е пронајдено починато лице“ – соопштија од ТППЕ Велес.
„Во СВР Велес било пријавено дека во сопствениот дом во Велес бил пронајден починат С.Д.(61 год) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство“ – информриаше Биљана Ѓаковска, портпаљрол ан СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Tweet |