речник контакт

Велешанец пронајден мртов во напуштена куќа во Прилеп

Иако на телото на починатиот немало траги на насилство, предадено е на обдукција,да се откријат причините за смртта

Петар Печков

МВР информираше дека во текот на вчерашниот ден, во напуштена куќа во Прилеп, велешанец  пронајден е мртов.

На 1-ви мај  во 12.35 часот било пријавено дека во Прилеп, во руинирана куќа на ул.„Кузман Јосифовски-Питу“, бил пронајден починат И.С.(36) од Велес. Од страна на лекар била констатирана смрт, без траги на насилство- соопштија од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, за да се откријат причините за смртта.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »