Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 октомври 2010
Понеделникот утрото околу 6,30 часот минувачи пронашле машко тело кое безживотно лежело покрај патот, покриено до пола со земја. Полицијата го идентификувала како Владо Јовановски ( 51 год) од Велес, на него не биле пронајдени знаци на насилство но сепак по барање на обвинителството телото е предадено на обдукција, која ќе покаже што е причината за смртта.
Според сведочењето на неговата сопруга, Владо вечерта излегол од викенд куќата, која била лоцирана во близината на АД Киро Ќучук, но таа заспала и не приметила дека сопругот не се вратил. Утрото кога го побарала, дознала дека е пронајден мртов.
Tweet |