речник контакт

Велешанец пронајден на улица во лоша здравствена состојба, починал подоцна во болница

Обдукцијата треба да ги открие причините за смртта

Петар Печков

Велешанецот Васил С. бил пронајден на улица во безсознание, префрлен во болница, каде починал.  Настанот се случил, вчера на Стара Нова година, Василица, пред продавница во новиот дел на градот.

„На 14.01.2024 во 09.40 часот во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес во тешка здравствена состојба бил донесен В.С.(48 год) од Велес, кој набргу починал“ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

„По добиен повик, дежурната екипа заминала пред  продавница, каде на земја  лежел  пациент во без сознание, со повреда на глава. Дадена му е неопходна здравствена помош и префрлен во велешка болница“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на Итната помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

„На Интерното одделение е примен пациент, дезиорентиран, запуштен, пружена е неоходна здравстена помош.  Повикан е и лекар невролог, пациентот одбивал лекарска нага, бил доста агресивен. Па е препретен на хирургија, дадана му е потребна здравна нега, но по кратко време починал и покрај вложените напори на дежурните лекари од повеќе специјалности“ - кажа Марина Андова портпарол на општа болница Велес.

По  наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »