Петар Печков
Објавено: четврток, 24 октомври 2024
МВР соопшти дека вчера, среда, во затворот Идризово бил пронајден велешанец, кој таму ја отслужувал казната затвор. Деталите од билтенот на МВР.
„На 23 октомври во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено - поправната установа Затвор Идризово бил пронајден починат В.Ѓ.(45 год) од Велес, кој издржувал казна затвор во установата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“ – пишува во информацијата на МВР.
Увид во ќелијата извршила екипа од СВР Скопје. А по добиениот резултат од обдукцијата ќе биде позната причината за смртта и натамошниот тек на евентуалната истрага.
Tweet |