Петар Печков
Објавено: четврток, 24 март 2016
Велешанецот Б.П. ( 22 год) е фатен повторно како пушта фалсификувани евра во промет. Овој пат во Неготино на 16-ти февруари годинава. Против него СВР Велес поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 16.02.2016 година, Б.П. пуштил во оптек фалсификувана банкнота во апоен од 100 евра при купување на текстилна стока во бутик во Неготино.
Претходно полицијата од Свети Николе против истото лице Б.П. од Велес, поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 26 февруари годинава, во 19,30 часот во с. Сарамзалино пријавениот иако знаел дека банкнотата што ја поседува во апоен од 100 евра е фалсификат, ја пуштил во оптек во колонијална продавница купувајќи прехрамбени производи.
Tweet |