речник контакт

Велешанец се здобил со повеќе скршеници, откако паркираното возило се придвижило и го удрило

Настанот се случил во Отовица

Петар Печков

Велешанец се здобил со тешки повреди, сериски скршени ребра, откако автомобилот кој сакал да го паркира, се придвижил и го удрил. Деталите од информацијата на СВР Велес и велешка болница.

„На 16 јули  во 13.49 часот во СВР Велес, од Ургентен центар Велес било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.С.(60 год) од Велес. Според пријавеното, во дворот од викенд куќа во населба Отовица тој бил удрен од неговото возило „пежо“. Имено, тој го стартувал возилото за да го препаркира во гаражата, а кога излегол да ја отвори вратата на гаражата го оставил возилото да работи, при што тоа се придвижило и го удрило“ – соопшти Тања Ѓуровска, од СВР Велес.

Увид бил извршен и за настанот бил запознат јавен обвинител. За здравствената состојба од информацијата од велешка болница.

„Во текот на вчерашното пладне донесен е пациент, повреден во сообраќаен инцидент. Дадена му е неопходна здравствена нега,  по што му е  направен ренген и компјутерска томографија. Констатирани се скршеница на повеќе ребра како и скршеница на лева натколеница. Пациентот е задржан на понатамошно лекување на Одделението  за ортопедија и трауматологија“ – кажа Марина Андова портпарол на велешка болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »