Петар Печков
Објавено: сабота, 18 мај 2024
Четвртокот околу пладне, велешанец, бил тешко повреден додека работел на подрачјето на Ѓорче Петров- Скопје. МВР со информација за настанот, но без детали со која работа се бавел повредениот.
„На 16 мај во 13.04 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен З.Ѓ.(44 год) од Велес. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во приватна фирма на подрачјето на Ѓорче Петров“ – соопштија од МВР.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а за настанот бил запознаен и трудов инспектор.
Според статистиката во Македонија, најмногу повреди на работни маста лани имало во земјоделието, па во градежништвото.
Tweet |