Петар Печков
Објавено: петок, 20 јануари 2012
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.К.(40) од Велес за сторени кривични дела „силување“ во обид и „задоволување полови страсти пред друг“. На 19.12.2011 година, во Скопје на ул. „Козара“ пријавениот насилно влегол во куќата на 42 годишна скопјанка и со сериозна закана се обидел да ја силува, но откако истата дала отпор се дал во бегство.
Исто така, С.К. на 17.01.2012 година, во Скопје на ул. „Сава Ковачевиќ“ во лифт од зграда пред женско лице извршил задоволување на полови страсти.
Tweet |