Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 јули 2011
Велешанец се удави во Вардар, откако сакале со пријателот да се натпливуваат, информираа од СВР Велес. Настанот се случил во неделата претпладне откако Ѓорги Неделков ( 53 год) со негов пријател сакале да се освежат во Вардар кај Градскиот парк.
Двајцата пријатели дури сакале и да се натпливуваат кој прв ќе стигне до целта, но Ѓорги од непознати причини потонал. По некое време бил пронајден на кејот кај хотелот Вила Зора а докторите констатирале смрт.
По барање на истражен судија неговото тело е предадено на обдукција, за да се испита причината за смртта.
Tweet |