речник контакт

Велешанец слетал на аеродром, ама полиција го барала и е однесен во затвор

З.Б (36) од Велес бил евидентиран со мерка А-апси

Петар Печков

Доаѓањето дома за велешанец, кој пристигнал на скопскиот аеродром, било со лоши последици по него. Бидејќи се барал  со потерница, бил уапсен и однесен во затвор. 

Во саботата на  13 јули  во 18.30 на Граничен премин Меѓународен aеродром- Скопје“ на влез во Република Северна Македонија  по извршена пасошка контрола и проверка во Оперативна евиднција констатирано е дека З. Б (36) од Велес евидира со мерка   “А” (апси). Лицето е приведено и во 22,00 часот е предадено на Полициска станица  Aеродром за спроведување   до  КПУ Затвор Скопје пишува во информацијата на МВР. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »