Петар Печков
Објавено: недела, 09 август 2020
Вчера, сабота навечер, велешанец со неговиот автомобил удрил во пешак, кој се здобил со тешки телесни повреди.
На 08-ми август во 20,30 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Крсте Мисирков“ патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки управувано од А.Б.(23) од Велес удрило во пешакот Б.М.(36) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ - информираа од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР- Скопје, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.
Tweet |