Петар Печков
Објавено: вторник, 27 јуни 2017
Денес напладне автомобил марка опел кроса, со велешки регистарски таблички излета од пат и слета на железничката пруга Велес- Гевгелија.
Инцидентот се случил околу 13,20ч. кога автомобил марка ,,опер корса,, управуван од А.П. ( 63 год) до Велес, од непознати причини излетал во близина на црквата Св. Петка. Според очевидците тој возел на регионалниот Велес- Градско,
Шоферот возеше во правец од Агриа кон Велес, кога се случи сообраќајката. Од ударот тој откорна две бетонски столпчиња а при падот се изврте и беше на железничката пруга во правец Велес – Градско, иако возеше во обратна насока – велат очевидци.
Со возило на итната помош бил пренесен во велешка Волница, каде е хоспитализиран.
Околу 13,30 часот во Болницата е донесен пациент повреден од сообраќајна несреќа. Има контузии на глава, направени се лабораториски и клинички испитувања, направено е компјутерско снимање на глава и абдомен. Наодот бил уреден а пациентот е задржан во хируршко одделение – изјави д-р Весна Маркова портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.
Од Македонски железници најавуваат дека железничкиот сообраќај на релацијата Велес – Гевгелија и обратно се одвива редовно, без застој. Од СВР Велес ја потврдија сообраќајката а нивна екипа извршила увид, по што ќе се знаат причините за излетувањето.
Tweet |